Трошоците за организирање на СП во Русија колку еден и пол македонски БДП
Објавено во: Свет 11 Јуни, 2018
Вкупните трошоци за организација на претстојното Светско фудбалско првенство во Русија ќе чинат колку еден и пол македонски Бруто домашен производ.
Светското првенство кое почнува следната недела ќе чини неверојатни 14,2 милијарди долари и ќе биде најскапиот мундијал на сите времиња.
Според податоците на руските медиуми, надминати се планираните инвестиции од 11 милијарди долари. Само за изградба на стадионите биле потрошени речиси три и пол милијарди, а трошоците за угостителски објекти биле 680 милиони долари.