30 Април, 2024
0.0254

Цементарница Усје: Новите закони за нафтен кокс лошо ќе се одразат врз работењето на фабриката

Објавено во: Економија 15 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Законот за измените и дополнувањата на Законот за акцизи што го донесе Собранието на Република Македонија  и кој започна да се применува од 22.11.2014 година, а се однесува на акцизата за нафтен кокс негативно ќе се одрази врз работењето на фабриката Цементарница Усје, смета менаџментот. Со овие измени на Законот се воведува плаќање на акциза од  84,6 ден/GЈ (гигaџул) за  Нафтен кокс(петрол кокс) од тарифните ознаки 2713 11 00 00 и 2713 12 00 00. „Воведувањето на акцизата за петрол кокс, кое нема преседан во земјите на ЕУ, ќе има негативно влијание врз конкурентноста на работењето на фабриката и се очекува да има значаен  ефект врз структурата на трошоци на Цементарница Усје, а со тоа  ќе влијае и врз финансиските резултати во иднина“, потенцираат од Цементарница Усје . Според министерот за финансии Зоран Ставрески кој неодамна објави дека се воведува акциза за нафтен кокс, ваквата мерка ќе го стимулира користењето на енергенси кои помалку ќе ја загадуваат животната средина и ќе се намали загадувањето на воздухот во земјава. Инаку, измените на Законот за акцизи донесоа уште неколку новини. Меѓу другото, се изедначува акцизата по килограм за течен нафтен гас, независно од неговата примена, односно дали се употребува за греење или како погонско гориво. Се пропишува рок од 12 месеци за враќање на платената акциза за докажливо употребен нафтен гас како погонско гориво во индустријата, потоа се овозможува керозинот да има елементи на обележување, а исто така се пропишува и јасна обврска за увозниците за обележувањето на „црвената нафта“. Закон за измени и дополнување на Законот за акцизи објавен е во Сл.весник бр.167/2014 на14.11.2014 година.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи