20 Декември, 2025
0.0554

Цената на нафтата во потаен обид да се зголеми

Објавено во: Економија 03 Февруари, 2016 09:36

Добивај вести на Viber

Цените на нафтата се обидуваат во средата да забележат раст во азиската трговија, иако се под негативно влијание од вестите дека минатата недела резервите на американска сурова нафта пораснале до над половина милион барели, а Иран планира да го зголеми извозот во март, соопштува Ројтерс.

Цената на нафтата од топот Брент за испораки во април се зголеми за 0,12% до 32,84 долари за барел во 8:55 часот. По македонско време, откако претходно се намали за 1,52 долари за барел, или 4, 4%.

Цената на американската сурова нафта, исто така се крена со 0,18% до 30,05 долари за барел, а минатата сесија забележа пад од 1,74 долари, или 5,5%.

"Цените на нафтата повторно тргнаа надолу. Тие ќе одат на цик-цак некое време ", вели Тони Нунам, менаџер на нафтениот концерн во Mitsubishi Corp во Токио.

Резервите од американска сурова нафта се зголемиле за 3,8 милиони барели до 500,4 милиони барели во неделата до 29 јануари, покажуваат податоците на индустриската група American Petroleum Institute од вторникот.

Неделните податоци за резервите од Агенцијата за енергетски информации на САД треба да излезат во среда.

"Ситуацијата со светските резерви ќе се влоши во текот на вториот квартал, бидејќи достигнавме сообраќајна стапка на рафинирање на крајот на овој квартал", вели Нунан.

"Но, тоа е толку добро документирано што се одразува и на цените. Навистина мислам дека сме блиску до дното и ќе го стигне овој квартал ".

Нунан прогнозира дека брентот ќе се тргува во опсег од 25-35 долари за барел во првиот квартал пред полека да почне да се опорава низ остатокот на годината.

Ребаланс меѓу понудата и побарувачката на нафта нема да има пред средината на 2017 година, изјави Morgan Stanley во свој коментар од средата.

Наводните резерви од сурова нафта се на пат да се зголемат за 1,1 милиони барели на ден оваа година во однос на растот од 1,3 милиони барели на ден минатата година, се вели во коментарот.

"И покрај безбројните соопштенија за намалување на капиталните расходи, производството допрва треба да реагира, па да се ребалансира пазарот", вели Morgan Stanely.

Податоците за производството од Канада, Бразил и Русија предвиделе раст за минатата година, а руската екстракција во декември ги стигна највисоките нивоа од 80-тите години, се вели во коментарот.

Во меѓувреме Иран се стреми кон извоз на нафта од 2,3 милиони барели на ден за фискалната година, која започнува на 21 март, изјави директорот на Националната иранска нафтена компанија во вторникот.

Тоа е прилично повеќе од очекуваниот извоз за 1,44 милиони барели на ден од страна на Иран за февруари и 1,5 милиони барели на ден во февруари, покажуваат податоците за прелиминарните планови за товарење на танкери.

Јужна Кореја, која внесе 5,7 милиони тони сурова нафта од Иран минатата година, го обелодени пакетот стимулативни мерки во средата.

Можеби ќе ве интересира

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?