12 Мај, 2024
0.0255

Тунтев: Уште една година пратеник, а потоа ќе видиме

Објавено во: Економија 27 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Томислав Тунтев, координаторот на пратеничката група на СДСМ, во интервју за „Економски Лидер“ вели дека ќе биде народен избраник уште најмалку уште една година додека трае процедурата за избор на нов директор на Агенцијата за цивилна и воздушна пловидба. Вели дека посакува да стане директор на оваа институција затоа што се чувства за мошне стручен и искусен.

Се до тогаш, верува дека ќе завршат најважните активности во Законодавниот дом во процесот кон пристапување кон НАТО и интегрирање на критериумите на ЕУ во македонската легислатива. Тунтев е еден од осумте кандидати за директор на Агенцијата за воздухопловство.

- На почетокот на декември не чека заокружување на втората фаза од процесот за уставни промени кои, како што е познато, треба да го отворат патот на Македонија за зачленување во НАТО и почеток на преговорите во Европската унија. Убеден сум дека процесот кон средината на јануари ќе заврши успешно, а ние како држава ќе ја зграпчиме можноста што успеавме изминатиов период да ја создадеме и Македонија забрзано да чекори напред, кон европското семејство.

Јас нема да го напуштам Законодавниот дом во моменти кога сум најпотребен како координатор. Доколку бидам избран за нов директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), од Собранието ќе заминам во моментот кога реализацијата на целата постапка ќе биде во финална фаза и кога ќе бидат разрешени сите дилеми и отворени прашања.

Но, морам да нагласам дека, колку што ми е мене познато, на конкурсот се пријавени повеќе кандидати, а конечниот избор и именувањето од страна на УО на АЦВ се уште официјално не се завршени. Покрај тоа, мандатот на сегашниот директор на АЦВ, согласно позитивните законски прописи, трае до почетокот на следната година. Според тоа, со оглед на важноста и значењето на претстојните активности во Собранието, во периодот што следува јас сум целосно посветен и ангажиран како пратеник и како координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Во овој период, тоа за мене и за мојот професионален ангажман претставува највисок приоритет - вели тој.

Смета дека директорската функција во АЦВ не е повисока од пратеничката, туку смета дека и таму може да даде голем придонес, како што вели тој. Тунтев ги наведе и потребните квалификации кои ги поседува како конкурент.

- Ниту директорската функција во АЦВ е повисока, ниту јас би ја добил како некаква заслуга за тоа што сум го одработил како пратеник. За позицијата во АЦВ конкурирав на јавно објавен оглас, бидејќи сметам дека сум стручен и квалификуван во областа на воздухопловството, односно дека ги исполнувам сите потребни и законски дефинирани услови и критериуми, како врз основа на образованието што го имам, така и врз основа на моето професионално искуство.

Само за појаснување, јас во сферата на воздухопловството, прво во ЈПАУ „Македонија“ – Скопје, а потоа и во ТАВ Македонија, на охридскиот аеродром професионално сум ангажиран од 1991 година. Почнувајќи како Самостоен референт за план и развој, потоа како Раководител на сообраќај и безбедност, па како Помошник-директор, па како Директор на Секторот за сообраќај, за на крајот да бидам Менаџер за прифаќање и испраќање воздухоплови, патници, багаж, стоки и пошта. Истовремено, повеќе од 15 години бев вклучен како насловен доцент, стручен соработник и експерт во високото образование, на Сообраќајниот отсек на Техничкиот факултет во Битола.

Во однос на моето стекнато образование, јас сум првиот дипломиран инженер за воздушен сообраќај во Република Македонија, прв магистер во оваа област, а исто така и прв доктор на науки во областа на воздухопловството во нашата држава. Дипломирав на Сообраќајниот факултет на Универзитетот во Белград, на Катедрата за аеродороми и безбедност во воздушниот сообраќај, како најдобар студент во генерацијата, а магистерските и докторските студии ги завршив на Техничкиот факултет во Битола. Имам напишано и публикувано повеќе десетици прирачници, учебници, монографии и научни трудови за различни проблематики во областа на воздуховпловството, а истовремено сум автор на голем број интерни стручни документи од сферата на одвивањето на сообраќајот на аеродромите, аеродромската инфраструктура и оперативната безбедност во воздушниот сообраќај.

Од тие причини, доколку бидам избран и именуван за директор на АЦВ, убеден сум дека тоа ќе биде исклучиво поради мојата стручност, знаење и искуство. тврди Тунтев.


Можеби ќе ве интересира

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно