ТУПАНЧЕВСКИ, ФАТИМЕ ФЕТАИ И НАНЕВ ЗАЕДНО ВО ПАЛЕРМО: Министерот, обвинителката и судијата во прв ред на поддршката
Објавено во: Македонија 25 Март, 2022
Македонски фанови направија фешта низ улиците на Палермо уште пред да почне натпреварот меѓу Македонија и Италија кој заврши како сензација откако нашата репрезентација успеа да го победи актуелниот европски првак. Во Италија заминале неколку стотици Македонци и тие од теренот дадоа силна поддршка за нашите репрезентативци.
Меѓу нив во првите редови натпреворот го следеле и министерот за правда Никола Тупанчевски, Лазар Нанев, претседателот на Основниот суд во Кавадарци и Фатиме Фетаи, виш јавен обвинител.
По натпреварот честитки за репрезентацијата упатија премиерот, претседателот, политичари, сета јавност.
Премиерот Димитар Ковачевски е во Брисел на вонредниот состанок на НАТО, а натпреварот го гледал заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и со вицепремиерот Бојан Маричиќ