01 Мај, 2024
0.0266

Турција бесна за анти Ердоган протестите - повикан швајцарскиот заменик-амбасадор

Објавено во: Свет 26 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи на Турција синоќа го повика заменик-амбасадорот на Швајцарија во Анкара, за да му врачи протест поради демонстрациите во Берн, за време на кои бил издигнат постер со повик за убиство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. 

Илјадници лица, вклучувајќи ги и поддржувачите на Курдската работничка партија (ПКК), се собраа синоќа на протест во Берн, повикувајќи да се гласа со „Не“ на референдумот во април. 

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува од швајцарските власти да направат истрага. 

Турскиот министер за надворешни работи одржа телефонски разговор со неговиот швајцарски колега со цел да го изрази неговиот гнев поради протестот. 

Претставник на швајцарските социјалдемократи, кој бил еден од организаторите на протестот, потврди дека за време на демонстрациите бил носен постер со повик за убиство на Ердоган.

- Тоа беше единствениот постер, што ги премина границите на пристојност, увери тој.

Ердоган, исто така ја критикуваше Швајцарија поради демонстрациите. 

Тој истакна дека меѓу демонстрантите имало и приврзаници на терористички групи. 


Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа