Турција со мал потег ќе привлече илјадници туристи од Русија
Објавено во: Свет 26 Март, 2019
Турција и Русија започнаа разговори со кои ќе им се дозволи на руските граѓани да патуваат во Турција без пасош.
"Почнавме состаноци за да ги отвориме патот за руските граѓани да дојдат во нашата земја само со нивните лични карти без пасош", рече турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Во февруари рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој ги укина визите за турските граѓани.
Чавушоглу додаде дека неговиот руски колега, Сергеј Лавров, ќе пристигне во Анталија в четврток за да ги прецизираат деталите. Турската делегација ќе отпатува за Москва на 8 април, рече турскиот министер.
Според извештајот на веб-страницата на руските туристички агенции ATOR, русите најмногу аранжмани во Турција, потоа во Грција, Кипар и Југоисточна Азија.
Укинувањето на потребата од пасоши се очекува да го зголеми бројот на туските туристи во Турција.