Турција спречи крвави напади за Новогодишната прослава - Уапсени џихадисти на ИД
Објавено во: Свет 31 Декември, 2016
Турските власти во Анкара уапсиле осум членови на џихадистичката група Исламска држава кои планирале да извршат терористички напади за време на прославите на Нова година во еден од поголемите турски градови, а биле тешко вооружени.
Според информациите на полицијата во успешната антитерористичка акција биле запленети и документи кои може да укажат на организаторите кои ги нарачале овие напади.