Турците ја „напаѓаат“ Србија како лавина која се шири
Објавено во: Балкан 23 Мај, 2017
Турските фирми се заинтересирани за Србија затоа што им нуди добри услови за бизнис.
Досега има 12 или 13 турски инвеститори, а до крјаот на годината се очекува оваа бројка двојно да се зголеми.
Прво почнаа со инвестиции во текстилот на југот од Србија, а потоа оваа појава почна да се шири како лавина.
Турција е 16-та економија во светот и може да се смета за голема економска сила.
Во Србија коментираат дека турските инвестиции се за поздравување, затоа што пред 10 години немало ниту една инвестиција од оваа земја.