02 Мај, 2024
0.0253

ТУРИЗМОТ ВО ГРЦИЈА: Повеќе туристи, помалку приходи

Објавено во: Економија, Балкан 17 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

За првпат туристите трошат помалку од 500 евра за време на својот престој кај јужниот сосед.

Туризмот е еден од водечките сектори за грчката економија - трет по големина работодавач во земјата, по секторот на трговијата и индустријата и јавниот сектор.

Во првите 10 месеци лани земјата е посетена од 23,5 милиони лица, што е за речиси 5% повеќе во однос на 2015 година. Приходите сепак се намалуваат, пишува весникот „Катимерини".

Според податоците на централната банка на Грција, за периодот од јануари до септември 2016 година приходите од туризмот во земјата се 11,78 милијарди евра или со 1 милијарда евра помалку за истиот период на 2015 година. За време на престојот туристите трошат во просек по 491,20 евра или со 13,2% помалку на годишно ниво.

За првпат откако Централната банка ги следи приходите од туризмот износот паѓа под 500 евра, додава весникот. 

Од трговска организација во Грција велат дека причината за пониските приходи се новите даноци за секторот наметнати од влада во 2016 година. Според Greek Reporter сепак трендот е глобален  и туристите почнуваат да трошат помалку за време на своите патувања.



Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности