17 Јануари, 2025
0.0311

Турска и италијанска компанија заинтересирани за гасификација на Скопје

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Италијанската компанија „ЦДЛ Конкордија“ и турската „Аксо Енерџи“ се единствените две компании што се пријавиле на тендерот за гасификација на Скопје, а кои ги исполнуваат условите за годишниот обрт, искуството во дистрибуција на гас во населени средини и на бројот на корисниците. Како што објавува Дневник, компанијата што ќе победи на тендерот ќе треба да ги изгради 250 километри примарната и секундарната дистрибутивна мрежа на природен гас, да инвестира во поставување приклучоци до сите крајни потрошувачи, односно јавни институции, вклучувајќи ја и опремата за мерење и регулација, да врши дистрибуција на природен гас, да управува со системот за дистрибуција, да се грижи за одржување и развој на системот и да инвестира во адаптација, односно набавка на опрема за производство на топлинска енергија кај постојните објекти. Оваа инвестиција ќе чини околу 100 милиони евра. „Аксо енерџи“ е инаку најголем приватен дистрибутер на природен гас во Турција, која во својот состав има 20 одделни дистрибуции на гас и над половина милион корисници. Таа е и дистрибутер на електрична енергија и е најголем независен производител на струја во својата земја, а ,меѓу другото, е еден од сопствениците на ветерната електрана во Турција со вкупна инсталирана моќност од 131 мегават. Италијанската „ЦПЛ Kонкордија“, пак, е мултинационална групација, која работи во Италија и во странство и има 1.600 вработени и околу 80 компании и претставништва. Годишно дистрибуира 45 милиони кубни метри природен и течен гас во 135 града и општини, односно има 185.000 корисници. Таа работи во областа на управување со топлина, дистрибуција на гас, на вода, на греење, испорака на електрична енергија, технолошки услуги, како и на развој и примена на обновливи извори на енергија. Изградбата на гасоводот во Скопје е предвидено да биде по моделот на јавно-приватно партнерство. Концесионерот ќе може да стопанисува со мрежата 20 години, а потоа таа ќе ремне во државна сопственост. Компанијата што ќе победи на тендерот ќе биде задолжена да овозможи секој заинтересиран корисник да плати приклучна такса од 1,25 евра по метар квадратен станбен простор.

Можеби ќе ве интересира

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ЛА НИЊА НА НАЈЈАКО: Студ и снег ќе имаме и во следните месеци, можна појава на снег дури и во април!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Дете од Свети Николе почина на Детска клиника

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

КИЧЕВО, ГОСТИВАР, КАВАДAРЦИ: Овие три града вечерва се најзагадени

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс