Турските власти го идентификуваа напаѓачот од Реина
Објавено во: Балкан 04 Јануари, 2017
Властите во Турција го идентификувале напаѓачот од истанбулскиот ноќен клуб Реина, кој уби 39 лица на Новата година, пренесува АФП.
Претходно турската полиција приведе петмина осомничени членови на групата „Исламска држава" во операција во западниот град Измир, пренесува државната агенција Anadolu Agency.
Притворот е во врска со терористичкиот напад од новогодишната ноќ. Уште 14 лица се уапсени за нападот.
Вчера турските власти објавија дека го утврдиле идентитетот на осомничениот за извршување на терористичкиот акт - 28-годишниот државјанин на Киргистан, Ахе Машрапов.
Малку потоа, тој негираше да има врска со терористичкиот напад. Машрапов изјави исто така дека не знае на кој начин сликата на неговиот пасош се појавила на интернет.