Турција ги повика своите граѓани да не патуваат во Русија
Објавено во: Балкан 28 Ноември, 2015
Турското Министерство за надворешни работи ги повика граѓаните на земјата да ги одложат сите патувања во Русија, ако не се императив, пренесоа агенциите.
Ова е уште една акција за дополнителна ескалација на тензиите помеѓу Москва и Анкара по соборувањето на руски борбен авион од турските воздухопловни сили.
Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција, која е членка на НАТО, се наведува дека поради тешкотиите со кои се соочуваат турските граѓани во престој во Русија, се советува да бидат одложени сите патувања до оваа страна, ако тие не се императив.