Турција уапси двајца генерали и полковник поради оружјето, испратено кон Сирија
Објавено во: Балкан 30 Ноември, 2015
Двајца генерали и пензиониран полковник се уапсени во Турција поради скандалот кој избувна околу видео снимките како разузнавањето праќа оружје во Сирија, објави весникот „Заман“.
Приведени се командантот на жандармеријата во провинцијата Анкара ген. Ибрахим Ајдин, поранешниот командант на жандармеријата во провинцијата Адана ген. Хамза Джелепоглу и поранешниот шеф на крим лабораторија на жандармеријата полк. Борханетин Джихангироглу.
Ајдин и Джихангироглу се уапсени под обвинение за добивање на доверливи информации со цел политичка или воена шпионажа, откривање на доверливи информации кои се однесуваат на државната безбедност, обид за државен удар и учество во вооружена терористичка организација. Обвиненијата против Джелепоглу се во обид за државен удар и водење на терористичка група.
Минатата недела за вакви обвинувања беа уапсени главниот уредник Џанг Дондар и репортерот Ердем Ѓул од весникот „Джумхуриет“, кои објавуваа инкриминирачки видеа.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/oqE4SdFpS4A[/embed]Премиерот Ахмет Давутоглу изјавил дека скандалот е напад против него самиот, претседателот Реџеп Ердоган и шефот на разузнавањето Хакан Фидан. „Јас бев една од главните цели на овој инцидент“, изјавил Давутоглу, цитиран од весникот „Хуриет“. „Тој беше насочен против три лица - тогашниот премиер (Реџеп Ердоган), јас како тогашен министер за надворешни работи и нашиот шеф на разузнавањето“.
Во јануари 2014 година жандармеријата пресретна три камиони на разузнавањето, кои тргнале за Сирија, откако обвинителството доби информации дека тие пренесуваат оружје. Тогаш властите тврдеа дека во возилата се носело хуманитарна помош за сириските Турци. Во февруари 2014 година Анкара го забрани објавувањето на материјали за случајот, а во април годинава 17 војници кои учествувале во претресот на камионите, беа уапсени.
Владата ги обвини приврзаниците на духовниот водач Фетуллах Гулен дека го наредиле претресот и го смениле товарот на камионите. Со години претседателот Реџеп Ердоган тврди дека Гулен создал своја паралелна структура во судството, полицијата и медиумите и дека сака да се урне власта.