Уапсен голиот убиец од Нешвил
Објавено во: Свет 24 Април, 2018
Полицијата во Нешвил соопшти денеска дека го уиапсила 29-годишниот Трејвис Рејнкинг, обвинет за убиство на четири лица во Нешвил, во американската држава Тенеси.
Осомничениот е уапсен денеска попладне по локално време, а неколку часа претходно полицијата соопшти дека се сомнева оти тој се крие во шума.
Рејнкинг во неделата изутрина, во продавница за пециво, без облека на себе, од огнено оружје уби четири лица, а потоа трчајќи побегна.