Уапсен возачот кој прегази дете во Струмица: Четиригодишникот е во тешка состојба
Објавено во: Македонија 30 Април, 2020
Полицијата вчера во 15 часот во Полициска станица Струмица го лишила од слобода Т.М. (34) од село Баница кој осомничен дека го управувал патничкото возило „форд ескорт“, со скопски регистарски ознаки, кое ден претходно на 28 април удрило во четиригодишен пешак, кој се здоби со тешки телесни повреди.
Настанот се случил завчера на улицата „Никола Тесла“ во Струмица, а детето кое беше прегазено веднаш било префрлено во болница. Возачот тогаш побегна од местото но вчера беше лишен од слобода.
Некои лкокални медиуми јавија дека детето е примено во коматозна состојба со повреди на главата, на белите дробови и со скршеници на четирите екстремитети.
Директорот на детска хирургија доктор Лазар Тодоровиќ информира дека детето е приклучено на вештачка вентилација.