Уапсена криминална група – Превезувале мигранти преку граница
Објавено во: Балкан 20 Декември, 2017
Во заедничка акција, полицијата на Србија и Хрватска, уапсила 17 лица кои се осомничени за пренос на мигранти кон земјите на Европската Унија.
Од српското Министерство за внатрешни работи велат дека групата била уапсена во Белград и во уште четири други градови во северна Србија, а меѓу нив имало 12 државјани на Србија и еден од Авганистан.
Хрватската полиција пак, соопшти дека уапсени се четири лица.
Оттаму велат дека постои сомнеж дека криминалната група помогнала за нелегален премин на границата и транспорт на околу 82 мигранти од Авганистан, Ирак и Иран. За ова патување мигрантите плаќале по 1.500 евра од човек.
Според податоците, околу 4.500 мигранти се сместени во државните кампови во Србија, а организациите за заштита на човековите права информираат дека стотици други мигранти се наоѓаат низ Белград и другите градови близу границата со Хрватска.