26 Април, 2024
0.0320

УАПСЕНИТЕ ИМАЛЕ ВОЕНА ОБУКА, ТОА СЕ ЕКС ГЕРМАНСКИ ВОЈНИЦИ: Нивните планови вклучувале и нарачани убиства во Берлин

Објавено во: Свет 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Во рациите во раните утрински часови извршени низ цела Германија, офицерите на специјалните сили приведоа луѓе за кои се верува дека се членови и поддржувачи на групата, за која обвинителите рекоа дека била формирана во изминатата година и работи со убедување дека „Во моментов со Германија владеат членови на таканаречената длабока држава“ која треба да се собори. Обвинителите соопштија дека уште две лица се уапсени надвор од Германија, едно во Австрија и друго во Италија, пишува The New York Times.

Обвинителите ја опишаа групата, која не ја идентификуваа, дека е под влијание на идеологиите на заговорната група QAnon и десничарската германска група наречена Reichbürger, или Граѓаните на Рајхот, која верува дека Германија по Втората светска војна не е суверена земја туку корпорација формирана од сојузниците кои победија во војната.

Многу од уапсените имале воена обука, а меѓу нив имало и поранешни германски војници, вклучително и од армијата на поранешна Источна Германија, и се знаело дека биле тешко вооружени со оружје стекнато нелегално. Групата најверојатно била формирана кон крајот на 2021 година, велат обвинителите.

Меѓу уапсените има и човек кој се обидел да стапи во контакт со претставници на руската влада во врска со плановите, се наведува во соопштението на федералниот обвинител, но нема индиции дека добиле позитивен одговор од руските извори со кои контактирале. Станува збор за Виталиј Б.“, за кој постои „силно сомневање“ дека ги поддржувал заговорниците и дека се обидел да воспостави контакти со Москва.

Целта им била „да се надмине постојниот државен поредок во Германија и да се воспостави свој со сопствен облик на држава, чиишто контури се веќе разработени“, користејќи воени средства и насилство врз државните претставници, се вели во соопштението на обвинителите.

Плановите на групата вклучуваа вооружен напад врз зградата на германскиот парламент,  соопштија обвинителите. Членовите, исто така, формирале некаква влада во сенка што имаа намера да ја инсталираат доколку нивните планови бидат успешни.

„Членовите на организацијата беа свесни дека оваа цел може да се постигне само со употреба на воени средства и насилство врз државните претставници“, се вели во соопштението на обвинителот. „Ова вклучуваше и нарачување убиства“.

Според членовите на групата, „ослободувањето“ е ветено со непосредната интервенција на „Алијансата“, технички супериорен таен сојуз на владите, разузнавачките служби и војската на различни држави, вклучително и Русија и САД, истакнуваат обвинителите.

фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни