13 Мај, 2024
0.0292

УБИСТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА: Поради расправија за мобилен убиле човек

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Две лица се уапсени поради убиството на Б.Р.(41) од Гевгелија кој вчера околу 7 часот е пронајден мртов со повреди на главата.

Осомничени се К.И. (31) за сторено убиство и Р.К. (43) за помагање.

Според полицијата  случајот со починато лице вчера кај нив бил пријавен од страна на лекар од Итната медицинска помош кој ја констатирал смртта со траги на насилство кај Б.Р., пронајден во семејната куќа на второпријавениот Р.К.

Истрагата покажала дека пред два дена во период од 21 до 22 часот, во семејната куќа на Р.К. седеле тој и сега убиениот. Во еден момент дошол првопријавениот К.И. извадил ракија и почнал да го обвинува Б.Р. дека му го украл мобилниот телефон.

К.И. физички го нападнал Б.Р. во пределот на лицето, а продолжил удирајќи го во главата се до неговата смрт. Потоа двајцата осомничени ги прикриле трагите, а телото го преместиле во друга соба од куќата. Убиецот К.И. си заминал,  а Р.К. останал.

Полицијата по прибирањето на доказите вчера ги привела двете лица, при што кај К.И. осомничен за убиството се констатирани 4,56 промили алкохол во крвта, а кај осомничениот за помагање Р.К. 2,53 промили алкохол. На двајцата им се земени примероци од крв и урина за дополнителна анализа.

Против К.И. и Р. К., двајцата од Гевгелија поднесени им се кривични пријави и одреден им е притвор во времетраење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

Поранешниот директор на ПИОМ со уште една пријава, плаќал кирија за сестра му

Поранешниот директор на ПИОМ со уште една пријава, плаќал кирија за сестра му

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ: Претседателката има право да го употребува името Македонија како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со уставното име

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ: Претседателката има право да го употребува името Македонија како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со уставното име

„ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖЕЛА ЗА ПАЦИЕНТИ, СЕГА НЕА И Е ПОТРЕБНА ГРИЖА“: По доживеан мозочен удар, на докторка од Охрид и требаат пари за лекување

„ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖЕЛА ЗА ПАЦИЕНТИ, СЕГА НЕА И Е ПОТРЕБНА ГРИЖА“: По доживеан мозочен удар, на докторка од Охрид и требаат пари за лекување