03 Мај, 2024
0.0299

УЧЕНИЦИ ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ ПРИМЕНИ: Објавена листата на ученици примени во јавните ученички домови

Објавено во: Македонија 24 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека денеска се објавени прелиминарните резултати од Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Сите ученици кои се пријавиле на конкурсот за јавните ученички домови се примени, освен во случаите кога не е доставена комплетната документација.

„По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерството за образование и наука до Комисијата за ученички домови за средни училишта. По завршувањето на рокот за поднесување приговори на 27 јули 2017 година, Министерството за образование и наука ќе ја објави конечната листа на примени ученици во јавните ученички домови“, соопштуваат од МОН.

Прелеминарните резултати можете да ги најдете на следниот ЛИНК.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 28 јули до 4 август 2017, или се’ додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците кои ќе поднесенат електронска апликација, комплетната документација треба да ја достават од 7 август до 11 август во МОН.  Повеќе околу потребната документација и конкурсот можете да најдете на следниот ЛИНК.

За подетални информации околу поднесувањето приговор или конкурсот, секој може да се обрати на фејсбук страницата на МОН, на телефонот: 02/ 3140 -147, или на електронска адреса: sefa.sadije@mon.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ