03 Мај, 2024
0.0262

УДАР И ЗА ДРУГИ: Кои земји може да бидат нај погодени од трговската војна меѓу САД и Кина?

Објавено во: Финансии 09 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Инвеститорите кои го набљудуваат растечкиот конфликт меѓу САД и Кина, може да имаат причина да бидат загрижени дека страдањата од една трговска војна меѓу двете најголеми економии би можела да влијае на светскиот бизнис во општ план.

Според модел на економистите во Pictet Asset Management во Лондон давачки во износ од 10% врз американската трговија, префрлени на корисниците можат да ја доведат глобалната економија до состојба на стагнација, а 2,5% од корпоративните профити можат да бидат избришани.

Но при проширувањето на трговскиот конфликт тешко повредени нема да се само главните две вмешани земји, посочува агенцијата Ројтерс. Подеднакво ризик има и за економиите на голем број други земји, кои се длабоко интегрирани во глобалниот синџирот на вредноста - сè почесто користен од компаниите за фрагментирање на производството на нивните стоки.

Во табелата се наведени земјите подредени со нивното учество во светскиот синџир на вредности дефинирани од Светската трговска организација како збир на странска вредност на додадена вредност во извозот на земјата и додадената вредност на извозот на други земји.

Според податоците земји како Луксембург (70,8%), Тајван (67,6%), Словачка (67,3%), Унгарија (65,1%), Чешка (64,7%) и Јужна Кореја (62,1 %) се исто толку ранливи на ризик од трговски конфликт како двете страни во неговиот центар, ако не и повеќе.

Тајван е центар на индустријата со технологии и полупроводници и големи производители на електроника како Foxconn кои покрај сето друго создаваат опрема за телефоните iPhone на Apple. Електронските интегрирани кола претставуваат 40% од вкупниот извоз на Тајван.

Во исто време Унгарија, чиј најголем трговски партнер надвор од ЕУ се САД, ужива значителни инвестициски текови благодарение на огромната производствена база, фокусирана најмногу во автомобилскиот сектор. Делови за автомобили и други возила се двата основни предмети на извозот на земјата во 2016 година и претставуваат 15% од вкупниот нејзин извоз.

На дното на листата застануваат Хрватска, Нов Зеланд и Аргентина со учество во светскиот синџир на вредност од соодветно 34%, 33,3% и 30,5%.


Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа