07 Мај, 2024
0.0392

УГОСТИТЕЛИТЕ НА СОСТАНОК СО КОМИСИЈАТА: Ако се донесе одлука за затворање, очекуваме целосно обештетување

Објавено во: Економија 14 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Независната угостителск комора добила покана од министерот Венко Филипче за присуство на двајца нивни претставници на состанокот на Комисијата за заразни болести. Со себе понеле и предлози со барања за нови мерки. За состанот ќе одржат прес конференција по неговото завршување.

Пред се благодарност до медиумите што помогнаа и придонесоа министерот Венко Филипче да го прифати нашето барање и официјално да не покани да бидеме присутни на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, каде се одлучува за иднината на угостителите и угостителската индустрија. Се надевам дека на овој состанок нема да сме присутни само како посматрачи туку ќе имаме можност да ги доставиме и презентираме нашите барања до Комисијата за заразни болести по основ на постојните препораки - протоколи за работа на угостителските објекти“, велат од НУК во својот допис до јавноста. 

Велат дека на денешниот состанок не се присутни само да ги водат разговорите во име на членките на Независна угостителска комора. 

„Денес ги претставуваме угостителите од цела Македонија членки во своите здруженија ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид. Доставените барање се заеднички и очекувањата на најмалку 500 реномирани угостители здружени во овие здруженија и илјадниците угостителски работници вработени кај нив.

И да бидеме јасни угостителите максимално ги почитувале и ќе ја почитуваат секоја одлука и препорака што Комисијата за заразни болести ќе даде кон Владата. Владата ќе треба да има предвид во своите одлуки дека доколку донесе одлука за целосен локдоун на угостителството, угостителите ќе очекуваат да бидат соодветно обештетени поради ускратувањето на можноста за работа“, се вели во соопштението од Независната угостителска комора.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката