Угостителите побараа од Владата да не го прифаќа предлогот на Филипче и Комисијата за заразни болести
Објавено во: Економија 14 Декември, 2020
Независната угостителска комора и порача на Владата да не го прифаќа новиот предлог на Комисијата за заразни болести да се работи до 18.00, наместо до 21.00 часот, во периодот од 18 декември до 21 јануари.
Претседателот на комората, Здравско Јосифовски, пред медиумите денеска рече дека министерот за здравство Венко Филипче и членовите на комисијата имале готов предлог без да ги сослушаат нивните аргументи на состанокот.
- Требаше да се дискутира, но бевме само гости, и само не прашаа што имаме да кажеме. Едно од нашите барања не беше ни разгледано, а претпоставувам дека сите беа отфрлени. Тоа беше само фарса пред јавноста, без разлика на реалноста и ефектите што тие предлози ќе ги предизвикаат, рече Јосифовски.
Комората прашува како ќе подели плати за вработените во јануари и февруари со ова работно време, ако се знае дека платите се субвенционираат само за месеците октомври, ноември и декември годинава.
- Нема докази дека некој објект досега направил ширење на вирусот. Во интерес на здравјето е Новата Година да се дочека достоинствено. Владата ако не лимитира и ограничи, треба да знае дека ќе треба да ни ги надомести штетите. Во октомври, кога немаше рестрикции, ние како дејност веќе имавме големи пад во однос на истиот месец лани, додава Јосифовски.
Тој со актуелниот предлог ја повика Владата да продолжи со субвенциите на игостителските објекти и следната година.