02 Мај, 2024
0.0266

УГОСТИТЕЛИТЕ ПОВТОРНО ЗАГРИЖЕНИ: Намалување на работното време или целосно затворање би била бесмислена мерка

Објавено во: Економија, Македонија 13 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Пред утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести на која ќе се разгелдуваат евентуално нови мерки за работењето на кафеаните, баровите, кафулињата за време на претстојните празнични денови, повторно внесува загриженост меѓу сопствениците на угостителските објекти. Дел од нив сметаат дека не би имало никаква смисла целосно да бидат затворени, со појаснување дека и сега граѓаните ниту бараат резервации за корпоративни прослави, ниту пак прослави на поголеми друштва, пријатели, роднини.

Според НУК (Независната угостителска комора) дури и ново намалување на работното време, за кое се шпекулира дека би можеле да работат само до 14 часот нема да придонесе во промена на епидемиолошката состојба, бидејќи сметаат дека, освен што кафулињата и рестораните се полупразни, таму целосно се почитуваат протоколите, па ширењето на заразата со корона вирусот е речиси невозможно.

Инаку, за утре Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој ќе се разговара а евентуално воведување нови рестриктивни мерки со напомена дека е можно да препорачаат со цел да се заштити населението и да се спречи уште едно големо ширење на заразата кое би резултирало со огромен број нови позитивни случаи на корона вирусот во Македонија. Дел од членовите на Комисијата за заразни болести се за целосен LOCKDOWN на угостителските објекти од 31.декември до 8.јануари.

За состанокот на Комисијата за заразни болести, читајте повеќе на следниот линк:

https://faktor.mk/kako-kje-rabotat-kafulinjata-i-drugite-usgostitelski-objekti-za-vreme-na-praznicite-chlenovi-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-se-za-celosen-lockdown


Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?