Како ќе работат кафулињата и другите усгостителски објекти за време на празниците: Членови на Комисијата за заразни болести се за целосен LOCKDOWN
Објавено во: Економија, Македонија 12 Декември, 2020 10:13
Комисијата за
заразни болести в понеделник ќе има подолг состанок на кој се очекува да
разговараат за евентуално воведување нови рестриктивни мерки кои ќе се однесуваат
на работењето на кафулињата и другите угостителски објекти пред и за време на
претстојните новогодишни и божикни празници.
Членови на Комисијата за Фактор потврдуваат дека е можно да препорачаат нови порестриктивни мерки за да се заштити населението и да се спречи уште едно големо ширење на заразата кое би резултирало со огромен број нови позитивни случаи на корона вирусот во Македонија.
-В понеделник не очекува малку подолг состанок. Мораме целосно да ја анализираме состојбата. Секако ќе разговараме за нови мерки кои ќе бидат пред се наменети за начинот на работењето на угостителските објекти. Дали ќе се намалува работното време, дали ќе има одредени денови кога нема да работат, ќе видиме. Сепак, мора да бидеме подготвени за претстојните празници и да не дозволиме да имаме наеднаш нов бран на огромен број заразени, веднаш по прославите на Нова Година и на Божик, велат за Фактор извори од Комисијата за заразни болести.
Истовремено посочуваат и дека дел од членовите на оваа Комисија се за целосен LOCKDOWN на сите угостителски објекти од 31.декември до 8.јануари.
-Сметам дека така би било најдобро за да нема поголеми собирања, но воопшто ќе видиме дали ваква мерка ќе препорачаме. Се зависи што ќе покажат анализите од актуелната епидемиолошка состојба во Македонија, вели извор од Комисијата за заразни болести за Фактор.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




