18 Мај, 2024
0.0312

УХМР со вонредно предупредување, можни се свлечишта, одрони и нови дестабилизации на времето

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

УХМР излезе со вонредно предупредување за временските прилики по денешното силно невреме кое го погоди Скопје, каде имаше силен ветер и дожд, а паѓаа и крупни зрна на град. Управата за хидрометеролошки работи предупредува дека поради најавите за локален пороен дожд и грмежи можна е појава на одрони и свлечишта. Се препорачува внимателно движење покрај суводолиците каде е можно брзо надоаѓање на вода.

– Особено треба да се внимава на локации каде водотеците и суводолиците се пресечени од патишта и разни премини и каде има било какви стеснувања на водните правци, се вели во соопштението од УХРМ.

Оттаму укажуваат дека во услови на нестабилност и локални интензивни врнежи можно е на удар да бидат суводолиците и водотеците со мали сливни површини кај кои брзо се формира речното истекување.

– Доколку процесите бидат поинтензивни и на мала површина за кратко време наврне поголема количина на дожд можно е брзо зголемување на водостојот, а при екстремни врнежи можно е и локално излевање на суводолиците и помалите реки. Ова особено се однесува на водотеците од Скопската Котлина и од масивот на Скопска Црна Гора каде според синоптичарите за кратко време се очекуваат големи количества на врнежи, посочува УХРМ.

Според најавите, во вечерните и ноќните часови се очекува променливо облачно време, а наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни во форма на невреме, со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност