УЈП ГИ БЛОКИРА И ИМ ГИ ПРАЗНИ СМЕТКИТЕ НА „ЛОШИТЕ“ ФИРМИ - еве што им се случи на оние кои зедоа државна помош, а не исплатија плати
Објавено во: Економија 24 Декември, 2020 11:53
Кај дел од газдите кои зедоа државна помош за исплата на плати за октомври, Управата за јавни приходи веќе извршила присилна наплата, односно сметките им биле блокирани и им биле одземени средствата.
Дали тоа значи дека платите им се веќе исплатени во форма на плати на работниците кои извисија, нема прецозен одговор.
Инаку, газдите за кои за октомвриските плати се утврдија злоупотреби од почетокот на неделава веќе биле посетени од комбинирани тумови од даночни и од трудови инспектори, кои го чешлаат нивното работење.
„Во понеделникот почнаа интензивни контроли од УЈП и од Државниот инспекторат за труд. Во следните два до три дена ќе ја известиме јавноста за резултатите од овие контроли. Инаку, контролите ги правиме секој во своката надлежност, односно конкретно ние од УЈП испитуваме во делот на персоналниот данок на доход, но и контроли дали биле запазени критериумите за добивање а финансиската помош под државата Кај сите компании кои се покриени злоупотреби ќе има прекрочни пријави и според Законот за финансиска помош, но и според законот за придонесите“, рече Ликаревска.
Таа нагласи дека кај одредени компшании кои зедоа помош а ги извисија работниците за плати биле пуштени опоменио, а кај одредени веќе се врши и присилната наплата.
„Некаде веќе е извршена присилната наплата, односно се блокирани сметките и им се одземени тие средства, а некаде сме уште во фаза на преземање на дејствија за присилна наплата“, обелодени Лукаревска.
Инаку, директорката на УЈП Сања Лукаревска објави дека во ноември барања за државна помош за исплата на плати доставиле 13.851 компанија, и тоа за 65.537 работници, а со вкупно барање за државна помош од 16,6 милиони евра.
„Ние веќе правиме анализи за ноември, односно за тоа кои работодавачи ќе ги исплатат платите на работниците, и за резултатите многу брзо ќе ја известиме јавноста“, вели Лукаревска.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Компанија од Емиратите најблиску да ја купи Нафтена индустрија на Србија (НИС)
Синдикалната минимална кошница во декември зголемена на 65 492 денари
ЕСМ бара од Владата да прогласи кризна состојба, опозицијата смета дека тоа е поради рекордните загуби
Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“
Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра
Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?




