УЈП ЛИСТА НА ДОЛЖНИЦИ: „Македонија пат“ меѓу најголемите неплаќачи на данок
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2017
Државни фирми и претпријатија, познати бизнисмени и физички лица и овој пат најголеми должници на државата.
УЈП ја стокми новата листа на должници меѓу кои државните Македонија Пат Ј.П.Ц.О и Македонска Радио Телевизија се меѓу најголемите државни претпријатија кои не платиле данок .
Прв на листата од 4000 должници ОТЕКС АД Охрид. Оваа компанија должи 707,005,810 денари или близу 7,4 милиони евра неплатен данок.
„Македонија пат“ на државата не и платила данок од 454,644,291 денари, додека ЕЛ ДОН КАСТИЛЛО АНГЕЛ Д.О.О.Е.Л. ЕКСПОРТ-ИМПОРТ СКОПЈЕ како трет на листата должи 427,554,365 денари неплатен данок.
На последната листа должници на УЈП е и Бајруш Сејдиу познат во јавноста како тутунскиот бос.
Кумановецот по основ на неплатен данок на државата и должи нешто повеќе од 1,8 милиони евра данок на државата
Целата листа на должници може да ја погледнете тука.