УЈП нема ефикасни инструменти како да си ги земе парите од ТЕ - ТО
Објавено во: Економија 27 Септември, 2018
Управата за јавни приходи (УЈП), која ги собира даноците за државниот буџет, од гасната централа ТЕ-ТО ќе наплати само по 13.000 евра годишно и тоа во 2028 и 2029-та.
Згора на тоа, иако станува збор за институција која ја спроведува фискализацијата на ниво на цела Македонија, нема одврзани раце во наплатата на долгот што го има ТЕ - ТО кон државата, затоа што според прописите и пресудата за стечај, тие парите треба да му ги уплатат на надлежниот суд, како за УЈП така и на другите доверители, а од нив на некои и милионски суми во евра.