УКРАИНА ЌЕ ПРИФАТИ ПРИМИРЈЕ: Американците ќе им дадат безбедносна и разузнавачка помош

Објавено во: Свет 11 Март, 2025 19:50
САД објавија дека моментално ќе продолжат да ѝ даваат безбедносна и разузнавачка помош на Украина откако таа изразила подготвеност да ги прифати американските барања за примирје со Русија, објави Стејт департментот по завршувањето на денешните разговори во Саудиска Арабија.
Во заедничкото соопштение на двете делегации, Украина кажа дека е спремна да го прифати американскиот предлог за спроведување на привремен, 30-дневен прекин на огнот, кое би можело да се продолжува со заемен договор на двете страни. Останува предлогот да биде прифатен од Русија.
„Америка даде понуда, што Украина ја прифати, да се прогласи примирје и да се почне со преговори за крај на војната на начин што би бил траен и одржлив. Главната цел на овој предлог е да запре пукањето“, изјави државниот секретар на САД, Марко Рубио.
„Ќе ја однесеме оваа понуда кај Русите и се надевам дека ќе кажат ‘да‘. Топката е во нивниот двор“, рече Рубио, додавајќи дека договорот за минерали не беше тема на повеќечасовните разговори во Џеда.
Најавено е дека Виткоф ќе патува во руската престолнина Москва оваа недела, при што можеби ќе се сретне и со Владимир Путин.
Украина утрово изврши голем напад со дронови врз Русија. Загинаа неколку лица.
Украинскиот пратеник Олексеј Гончаренко изјави дека нападите врз Москва ја потврдуваат способноста на Украина да изврши сериозни акции на руско тло. Руската инвазија на Украина почне пред повеќе од три години.
Можеби ќе ве интересира
„РУСИТЕ ЈА БОМБАРДИРААТ УКРАИНА КАКО ЛУДИ“: Трамп и неговите изјави

„НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ ГЛУПИ“: Трамп со порака до Американците

ДВЕ ДЕЦА ПОЧИНАА ОД СИПАНИЦИ ВО ТЕКСАС - епидемијата во САД се влошува

ВОВЕДУВААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕДОФИЛИТЕ - Ајдахо ги заострува казните за насилство врз малолетници

Политичка одмазда или задоволување на правдата? Раздор во Франција по пресудата на Марин Ле Пен и непријатни прашања за судството
Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

„ЌЕ ПОБЕДИМЕ“: илјадници Французи се собраа во Париз со цел поддршка на Марин Ле Пен
