Украина тврди: Русите погодиле училиште во Мариупол во кое се криеле 400 луѓе
Објавено во: Свет 20 Март, 2022
Градскиот совет на Мариупол соопшти дека руските сили вчера бомбардирале училиште во кое се криеле 400 луѓе.
Велат дека зградата е уништена и дека луѓето се под урнатините. Во училиштето имало жени, деца и постари лица, соопштија официјални лица.
Засега нема информации за жртви. Комуникацијата со Мариупол е неверојатно тешка, пишува Би-Би-Си и додава дека не можеле да ги потврдат овие тврдења
Мариупол се соочува со еден од најтешките бомбардирања во војната со Русија, а илјадници граѓани со денови се без пристап до струја и вода.