Украина веќе нема да и плаќа на Русија стотици милиони долари за нуклеарен отпад
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2016
Украинскиот министер за енергетика Игор Насалик соопшти дека државата повеќе нема намера да и плаќа на Русија 200 милиони долари годишно за транспорт и складирање на нуклеарен отпад. Наместо тоа Украина ќе изгради „нуклеарна депонија“ во близина на Чернобил каде во 80-тите се случи нуклеарна хаварија иако самата облас нема соодветни услови за складирање и одложување на употребено нуклеарно гориво и радиоактивен материјал.
Изградбата на отпадниот капацитет ќе стартува во март следната година и ќе мора да ги исполни сите европски стандарди за управување со нуклеарен отпад. За овој проект Европската банка за обнова и развој на Украина ќе и даде поволен кредит во износ од 40 милиони долари.
Секако, одлуката не и се допаѓа на Русија која ќе изгуби значајни приливи на средства, но тие сметаат дека Украина води опасна нуклеарна политика неводејќи доволна грижа за сопствените производствени капацитети во кои е можна нова хаварија.