Украл картичка и на банкомат извадил 22.000 денари
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Стружанец со украдена картичка од банкомат извадил 22.000 денари.
На 28.04., на 06.05. и на 11.05.2020, Н.П.(35) на банкомат на ул,,Маршал Тито“ во Струга, со платежна картичка одземена од Г.П.(68) од Струга, подигнал 22.000 денари.
Тој доби пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.