02 Мај, 2024
0.0382

Унгарската полиција фрли солзавец на 15.000 демонстранти

Објавено во: Свет 17 Декември, 2018

Добивај вести на Viber


Синоќа дојде до нови судири помеѓу унгарската полицијата и анти-владините демонстранти во Будимпешта, кои протестираа против новиот „закон за робови“. Протестирачите фрлаа димени гранати кон полицијата, а таа одговори со солзавец. На протестот имало повеќе од 15.000 луѓе, според француската новинска агенција АФП.

Главниот протест беше на плоштадот пред парламентот, но група демонстранти се собраа пред седиштето на националната телевизиска станица заедно со неколку опозициски политичари. Иако побараа, нивните барања не беа емитувани во етер од страна на телевизијата. Паролите главно беа насочени кон унгарската влада и, пред се, кон конзервативниот премиер Виктор Орбан.

Билансот на состојба на последиците од немирите во недела и судирите меѓу полицијата и демонстрантите се уште не е потврден, но од претходниот во четвртокот најмалку 15 полицајци беа повредени, а уапсени беа 35 демонстранти.

Станува збор за најголемите протести во Унгарија во текот на последната деценија а започнаа во средата со усвојувањето на нов закон за работни односи, кој дозволува да се работат и до 400 часови прекумерна работа годишно. Како причина и новото администрирање на судовите, за кое демонстрантите сметаат дека е алатка на Орбан за нивна конторла.

Овој протест е карактеристичен и по здружувањето на опозициските сили во еден фронт, за како што велат од таму да се „спрасват со авторитаризмот на Орбан“.

Од друга страна, приврзаниците на владата и провладините медиуми коментираа дека демонстрантите се анархисти и "поданици на Сорос".

Можеби ќе ве интересира

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

НОВА ДРАМА ВО БРИТАНСКИОТ ДВОР: Хари доаѓа во Лондон, но нема да се види со татко си

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

„АстраЗенека“ призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА? Еве колку долго ќе барате стан

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа