05 Мај, 2024
0.0255

УПОЗ БАРА - да не им се кинат додатоците од плата на инспекторите, цариниците, судскста полиција...

Објавено во: Македонија 09 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), денеска поднел барање до Владата, со кое се бара да се измени Уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба донесена на 37-та седница на Владата.

Во барањето Синдикатот наведува дека освен медицинскиот персонал, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата, работни задачи со висок ризик и непосреден контакт со лица извршуваат и вработените во: судската полиција, царинската служба, инспекторатите, затворската полиција и администрација, шумската полиција и пожарникарите.

„Овие вработени од почетокот на кризата и воведувањето на вондредната состојба се на своите работни места и во целост ги извршуваат своите работни задачи кои опфаќаат теренска работа за санкционирање на правни и физички лица кои не се придржуваат до мерките и уредбите на Владата, обезбедување на институции, установи и лица, контрола на стоки и лица на гранични премини, итн. Извршувајќи ги своите работни задачи овие вработени не само што работат повеќе од полното работно време во текот на еден ден, истите работат и во смени, имаат дежурства, работа во празник и неделен одмор, а природата на нивната работа е таква да се во постојан контакт со граѓаните што ги става во ризик да бидат заразени од вирусот КОВИД-19“, се вели во соопштението од УПОЗ.

Поради тоа Синдикатот на УПОЗ побара Владата на наредната седница да ја измени Уредбата за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, донесена на 37-та седница и од истата да бидат изземени вработените во судската полиција, царинската служба, инспекторатите, затворската полиција и администрација, шумската полиција и пожарникарите.

Можеби ќе ве интересира

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество