Управниот суд ги одби и двете тужби на ВМРО-ДПМНЕ, резултатите од изборите се официјално конечни
Објавено во: Македонија 24 Јули, 2020
Резултатите од предвремените парламентарни избори се официјално конечни, откако Управниот суд ги одби како неосновани сите 185 тужби поднесени до сега од партиите. Денеска беа одбиени последните четири тужби, меѓу кои и двете на ВМРО-ДПМНЕ.
Одлуките се конечни и на истите партиите немаат право на жалба. Пресудите веднаш се поднесуваат до Државната изборна комисија, каде претходно исто така беа одбиени сите приговори.
- Кај овие тужби не може да се предлагаат нови докази, односно се разгледуваат само оние кои биле поднесени до ДИК, рече Ивана Смугреска, гласноговорникот на Управен суд.