21 Октомври, 2019
0.0265

Уште две земји го ратификуваа членството на Македонија во НАТО

Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019

Народната Собрание на Република Турција и Парламентот на Република Чешка вчера го ратификуваа Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО.
Ратификацијата на Протоколот во Турција го потврди на Твитер шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак.

"Големото народно собрание на Турција го заврши процесот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Македонија во НАТО. Како досега, Турција ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија во процесот на евроатланска интеграција ", пишува Ашкин Бак на Твитер.

Вчера протоколот за членство во НАТО доби зелено светло и во чешкиот парламент.

"Убедени сме дека вклучувањето на Северна Македонија во НАТО ќе ја зајакне целосната стабилност и безбедност на Балканот, а истовремено во самата Алијанса", истакна вицепремиерот Јан Хамачек во ратификувањето на Протоколот.

Досега, дваесет земји-членки го ратификуваа Протоколот и дадиа зелено светло за вклучување на нашата земја во НАТО. Се очекува САД да го сторат тоа до крајот на годинава, а и другите сојузници на НАТО со што Северна Македонија официјално ќе стане 30-та членка на Северноатлантската алијанса.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ ПОТВРДИ: Техничкиот премиер ќе ја презеде Владата на 3 јануари

МИЦКОСКИ ПОТВРДИ: Техничкиот премиер ќе ја презеде Владата на 3 јануари

ФОКУС НА ДЕНОТ: Лидерите согласни дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ, избори на 12 април

ФОКУС НА ДЕНОТ: Лидерите согласни дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ, избори на 12 април

За Мицкоски арамилукот заврши, за Села 12 април е датум за промени

За Мицкоски арамилукот заврши, за Села 12 април е датум за промени

Дали Оливер Спасовски ќе биде техничкиот премиер?

Дали Оливер Спасовски ќе биде техничкиот премиер?

Договорен е датумот за избори

Договорен е датумот за избори

Пендаровски даде објаснување зошто е таков форматот на лидерската

Пендаровски даде објаснување зошто е таков форматот на лидерската

АНКЕТА: Скоро 40 проценти од граѓаните го поддржуваат Договорот со Бугарија

АНКЕТА: Скоро 40 проценти од граѓаните го поддржуваат Договорот со Бугарија

Потребни ли се избори пред влезот во НАТО?

Потребни ли се избори пред влезот во НАТО?

ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ: Не размислуваме за некоја друга алтернатива

ПЕНДАРОВСКИ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ: Не размислуваме за некоја друга алтернатива