Уште еден силен земјотрес ја стресе Албанија
Објавено во: Балкан 19 Декември, 2019
Земјотрес со јачина од 4.7 степени според Рихтеровата скала ја стресе Албанија.
Тој бил со епицентар близу Влора, а е почуствуван и во другите градови, Драч, Лужа и Фуш Круја.
Нема информации за повредени лица или некоја настаната штета.
Неколку потреси денеска имаше во оваа соседна земја.Пред два дена Албанија ја стресе земјотрес од 4.3 степени.
Минатиот месец во силен земјотрес загинаа над 50 луѓе.