УСПЕШНА ОПЕРАЦИЈА: Неутрализирани скоро 3000 терористи
Објавено во: Балкан 05 Март, 2018
Вооружените сили на Турција неутрализирале 2.777 терористи од почетокот на операцијата „Маслиново гранче“ во реонот на градот Африн во северна Сирија.
Ова го соопшти Генералштабот на турската армија.
Само во изминатото деноноќие во реонот се убиени уште 165 терористи од единиците на Силите за заштита на народот, Курдската работничка партија, Партијата на демократскиот сојуз и екстремистичката група „Исламска држава“.
Генералштабот на турската Армија исто така информира дека во тек се копнени и воздушни напади „насочени кон неутрализација на терористичките организации“.
Воената операција „Маслиново гранче“ стартуваше на 20 јануари.