УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Гир се надева дека ќе бидат донесени поскоро
Објавено во: Македонија 15 Април, 2024
Евроамбасадорот Дејвид Гир се надева дека уставните измени ќе се случат што поскоро. Тој вели дека по нив нема да има други дополнителни одлуки на европскиот пат. Гир денеска повтори дека ова е сепак суверена одлука на земјава.
Одговорот на евроамбасадорот доага по изјавата на претседателот Стево Пендаровски кој рече дека доколку нема двотретинско мнозинство за уставните измени до крајот на годинава, за нив треба да одлучува идниот парламентарен состав. Опозицијата веќе кажа дека не сака уставни измени под бугарски диктат.
фото принтскрин