УСТАВНИОТ СУД НА ХРВАТСКА ОБЈАВИ КОГА ЌЕ ЈА ДОНЕСЕ ОДЛУКАТА - дали Милановиќ може да се кандидира на парламентарните избори
Објавено во: Балкан 16 Март, 2024
Уставниот суд на Хрватска соопшти кога ќе донесе одлука за кандидатурата на претседателот Зоран Милановиќ на парламентарните избори. Нивното соопштение го пренесуваме во целост.
„Уставниот суд на Република Хрватска ја информира јавноста дека претседателот на Уставниот суд за понеделник, 18 март оваа година со почеток во 11:00 часот свика стручен состанок на судии и потоа Судска седница со следниот дневен ред. 1. Надзор на уставноста и законитоста на изборот по повод изјавата на претседателот на Република Хрватска, г. Зоран Милановиќ дека ќе се кандидира на изборите за пратеници во хрватскиот Сабор објавени со одлука на претседателот на Република Хрватска на 15 март 2024 година“, се наведува во соопштението.