26 Април, 2024
0.0314

Усвоена завршната сметка за Буџетот 2017, Тевдовски: Раст на платите за двоцифрен процент во текстил, облека и кожа

Објавено во: Финансии 23 Јули, 2018

Добивај вести на Viber


Собранието денеска ја усвои завршната сметка за Буџетот за 2017 година. Во експозето за завршната сметка министерот за финансии Драган Тевдовски посочи дека иако Владата се соочила со брзорастечки јавен долг оставен од претходната власт, успеала да го стави под контрола, како и дека се направени клучни промени во системот на јавните финансии со зголемување на транспарентноста.

-Непостоењето на увид на јавноста во тоа како се трошат парите од страна на институциите, кои се собираат преку даноци, создава огромен простор за злоупотреби. Затоа, приоритет на Министерството за финансии од првиот ден во јуни 2017 година беше транспаретноста на јавните финансии. - рече Тевдовски и посочи дека се преземени и низа други чекори за подобрување на транспарентноста.

Тевдовски посочи дека кога Владата дошла на власт во јуни 2017 година заткенала брзорастечки јавен долг, кој од 1,5 милијарди евра во 2008 година е зголемен на 4,7 милијарди евра во 2016 година. Тој рече дека од претходната влада се наследени доспеани, а неплатени обврски насекаде низ системот. Министерот истакна дека изминатата година успешно се управувало со јавниот долг и како резултат на тоа во 2017 година, за првпат после 9 години јавниот долг како процент од БДП е намален.

По доаѓањето на власт на сегашната влада, рече министерот, економскиот раст во втората половина од 2017 влегол во позитивна зона, со стапка на раст од 0,7%. Приватната потрошувачка и извозот во текот на минатата година пораснале, додека невработеноста се намалила на 22,4%.

Во однос на приходите во буџетот, министерот посочи дека имало солидна наплата и дека таа била повисока во однос на претходната година за 6,1%. Во однос на расходите, тој истакна дека редовно се покривале сите обврски на државата.

-Важно е да се нагласи дека со Ребалансот од август 2017 од една страна беа скратени непродуктивни трошоци, трошоци за реклами, патни трошоци и репрезентација, и слично, а од друга страна беа овозможени мерки кои обезбедуваат подобрување на животниот стандард на граѓаните или поддршка на претпријатијата. Минималната плата беше зголемена на 12.000 денари и таа придонесе просечната нето-плата да биде порасне за повеќе од 5%, при што секторите за текстил, облека и кожа забележаа двоцифрен раст на платите. Активните мерки за вработување се зголемија. Беа обезбедени и средства за решавање на материјалното обезбедување на стечајните работници, кои дотогаш не беа опфатени со постојните законски решенија-рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи и дека минатата година капиталните расходи се реализирани на историско највисоко ниво во износ од 19,86 милијарди денари, и се за 2,89 милијарди денари повисоки во однос на реализацијата во 2016 година. Одлична реализација имале ИПА проектите.

- Во рамките на капиталните расходи се реализираа крупни инфраструктурни проекти од комуналната инфраструктура за пречистителни станици во Радовиш, Струмица, Кичево, Прилеп, како и за рехабилитација на канализациони мрежи во Берово и Куманово, довршување на Проектот за доизградба на автопатот-Коридор 10 - делница Демир Капија-Смоквица, реконструкција и доизградба на железничката инфраструктура, вложувања во енергетска област, во образованието, здравството и заштитата на децата-рече Тевдовски.

Буџетскиот дефицит е реализиран во износ од 16,86 милијарди денари или 2,7% од БДП. Тоа е за 1,71 милијарди денари помалку од проектираното со буџетот.



Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат