Утре ќе нема вода во Бутел
Објавено во: Мои пари 27 Јуни, 2018
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека утре поради уличен дефект ф-200мм на ул.Бутелска (во близина на полициската станица Бутел),прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на следниве улици: дел од Хо Ши Мин, Марко Крале, Љубо Петровиќ, Дабница, Мрежичка, Зуфер Мухиќ, Коле Канински, Призренска, Галичник и Мостарска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до завршување.