17 Мај, 2024
0.0419

Утре министерството на Артан Груби ќе се всели во зградата од 14 милиони евра на ПУИГ

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Од утре Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците предводено од првиот вицепремиер Артан Груби ќе се всели во зградата на Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, познато уште во јавноста како ПУИГ.

Министерството на Груби ќе биде првата институција што ќе се всели во зградата која се изгради во рамки на проектот „Скопје 2014“, а проценетатата вредност на објектот во кој досега  никогаш не работел е 13.937.448 евра.

Владата минатиот месец донесе одлука да ја купи од ПУИГ за таму да смести служби кои сега плаќаат кирија на приватни сопственици. Парите се обезбедуваат од средствата од пренамената во буџетот за годинава кој инаку е во вкупен износ од 1,3 милијарди денари,а минатата недела беше одобрена од страна на Собранието. Меѓудругото, дел од парите се и за купување на зградата од ПУИГ.

„Ве известуваме дека утре, на 04.01.2021 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи отворањето на објектот на министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. На настанот ќе присуствува и премиерот на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев.

Новата адреса на објектот на министерството за политички систем:
е на ул. Филип Втори Македонски број 11 (објектот пред влезот од подземната
гаража на Македонскиот Народен Театар)“, се вели во соопштението на министерството.

Можеби ќе ве интересира

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив