Утре ново задолжување, задутре раздолжување
Објавено во: Економија 14 Август, 2017
Ден купи, ден продај. Министерството за финансии ќе продолжи со досегашната политика на задолжување на домашниот пазар за потоа веднаш да се раздолжи и да ги плати доспеаните обврски.
Затоа утре повторно ќе се задолжи кај домашните кредитори, банки и осигурителни компании за сума од речиси 2 милијарди и 750 милиони денари или приближно 44,6 милиони евра. Веќе следниот ден, в среда, за враќање достасуваат 32,5 милиона евра стари долгови.
Според проспектот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии за 15 август е закажана аукција на државни записи во вредност од 27,4 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци, 15 годишна државна обврзница во вредност од 14 милиони евра и 5 годишна државна обврзница во вредност од 3,2 милиони евра.
Од опозицијата вчера обвинија дека за 70 дена откако министерот за финансии стапи на должност ја задолжи државата на домашен пазар за 101 милиони евра.