Вака тече гласањето ширум државата-гласаат болни и затвореници
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2019
Шеесет и седум стари, болни и изнемоштени лица на 33 избирачки места во Преспа денеска го остваруваат правото на глас во вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат утре.
Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански за МИА информира дека се е подготвено за претстојните претседателки избори и оти 16.649 жители на Преспа ќе имаат можност да гласаат на 50 избирачки места.
– Избирачкиот материјал е поделен и подготвени сме за утрешниот изборен ден. Сите избирачки места ќе бидат отворени во 7 часот. Засега нема никакви проблеми, се надевам на мирен изборен ден и утре, вели Тански.