05 Мај, 2024
0.0249

Вакцина за коронавирусот во Србија до крај на годината: Македонија чека на оксфордската

Објавено во: Македонија 22 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тој прв би се вакцинирал против коронавирусот, со првата вакцина која ќе стигне. Остава стручњаци да одлучат која вакцина ќе биде добра, но од друга страна тврди дека очекува вакцина да има во Србија во наредните три месеци. 

Очекувам во наредните три месеци, до крајот на годината да стигне  вакцината во Србија. Тоа тогаш е крај на коронавирусот и на се останато, рече Вучиќ.

Додаде дека не може и не сака да се занимава со антивакциналното лоби и со сите како што ги нарече, бесмислени приказни кои, вели, го спречуваат напредокот на земјата и на економијата.

Македонија се определи за оксфордската вакцина.

Имено како што објавивме, од Комисијата за заразни болести за Фактор потенцираат дека Македонија ќе ја набавува оксфордската вакцина, но уште ќе помине време додека да биде дистрибуирана во земјава.

-Македонија е една од државите која е ставена во тој така наречен КОВАКС механизам за обезбедување глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефикасни вакцини против Ковид -19. Нучниците брзо ја развија вакцината пред се поради претходните вирусни инфекции на САРС и МЕРС, за кои имаше доста сознанија, но и покрај тоа тестирањата се уште траат. Мора да се почека одреден период за да се види колку време по примањето на вакцината во човековиот организам има антитела кои успешно се борат, односно човековиот организам е отпорен на корона вирусот. Може тоа да биде 3 месеци, 6 месеци, за сега не се знае, заради што најверојатно ќе биде потребно повторно вакцинирање, велат од Комисијата за заразни болести.


Можеби ќе ве интересира

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско