29 Април, 2024
0.0291

Вакцината на Фајзер не се препорачува на трудниците

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако Велика Британија, како прва земја во светот, ја одобри вакцината против корона вирусот на компанијата Фајзер, се појавија вести кои ја вознемирија јавноста - бремените жени нема да можат да се вакцинираат. Сепак, научните податоци велат дека предупредувањето на британската влада треба да се сфати повеќе како мерка на претпазливост отколку како знак дека нешто не е во ред со вакцината.

Упатства за вакцината против корона се појавија на официјалната веб-страница на Владата на Обединетото Кралство, и се вели, меѓу другото, дека бремените жени, доилките и жените кои планираат бременост не треба да се вакцинираат.

Која е причината за претпазливост кога станува збор за оваа категорија граѓани?

Имено, иако досега тестираните случаи не покажаа дека вакцината Фајзер претставува ризик за бременост, таа едноставно не е тестирана на бремени жени како посебна категорија и во сегашниот недостаток на овие студии, не е познато како може да влијае на здравјето на мајката и фетусот. Затоа, се препорачува овој превентивен лек да не се дава на бремени жени, доилки и оние кои планираат бременост.

Она што дава надеж дека студиите ќе покажат безбедност и за оваа група, е фактот дека вакцинираните бремени жени не биле вознемирени од вакцината на кој било начин. Според веб-страницата ITV.com, професорот Џонатан Ван Там вели дека имало жени кои вакцината ја примиле како волонтери, а потоа се породиле без никакви здравствени проблеми и компликации.

Тој особено посочи дека на овие упатства на британската влада треба да се гледа како на мерка на претпазливост, а не како на предупредување дека вакцината има штетни последици.

Патем, вакцината на Фајзер се покажа како најбезбедна при тестирање врз луѓе, а нејзината ефикасност е 95%.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“