Вакцината на „Фајзер“ од денеска чека одобрување од Европската медицинска агенција: Ова е финален чекор
Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020
Фармацевтската
компанија „Фајзер“ денеска ја пријави вакцината против корона вирусот, што
заеднички ја разви и ја произведе во соработка со германската
биотехнолошка компанија „Бионтек“ и
веќе чека одобрување oд Европската медицинска агенција.
Како што пишува германската новинска агенција ДПА, „Фајзер“ и „Бионтек“ сакаат вакцината да биде достапна во Европа до крајот на годината.
Инаку, во последната фаза од развојот на вакцината, односно кога се прават веќе клиничките испитувања, потврдено е дека токму оваа вакцина има 95% ефикасност.