09 Мај, 2024
0.0275

ВАКЦИНАТА ШТИТИ ОД ТЕШКА ФОРМА НА БОЛЕСТА И СМРТ ДУРИ И КАЈ ОВАА ВАРИЈАНТА: Филипче за индискиот сој

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и покрај појавата на индискиот сој во Македонија, односно по вчерашниот регистриран втор случај во земјава, нема потреба од евентуални рестриктивни мерки. Вели дека најголемиот број од земјите и во Еропа и во регионот одат во насока кон олабавување на мерките, но секако, ситуацијата ја следат внимателно.

-Само две земји во Европа не одат кон олабавување, Велика Британија која го успори процесот на олабавување на мерките и Португалија која единствена има некаква дополнителна рестрикција. Сите други земји, вклучувајќи ги и тие од регионот, одат кон попуштање на рестриктивните мерки. Ние тоа го дискутиравме минатата недела, во рамките на Берлинскиот процес имаше состанок со министрите за здравство од сите земји на Западен Балкан и сите констатираа дека епидемиолошката ситуација стивнува и спласнува. Да резимирам, во ваква ситуација, во овој временски период кој е пред нас, не планираме никаква рестрикција или некои дополнителни мерки поради тоа што не гледаме некаков ризик. Но, мора да потенцирам, будно ја следиме состојбата не само кај нас туку и во околните земји затоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваат промени во епидемиолошката ситуација во сите земји во регионот, нагласи министерот.

Филипче вели дека засега не постојат доволно анализи на глобално ниво во однос на ширењето на индискиот сој, односно делта варијантата, но нагласи дека тоа што се знае е дека вакцините секако штитат од тешка форма на болеста.

-Тоа што сега се знае е дека ризикот да заболат вакцинирани е навистина мал, но во исто време штити од тешка форма на болест и смрт дури и кај оваа варијанта, рече Филипче.

Истовремено нагласи дека околу 240 илјади граѓани вакцинирани со една доза, околу 200 илјади се ревакцинирани, а има уште околу 180.000 кои се пријавени за примање на вакцината против корона вирусот.

А. Б.

Можеби ќе ве интересира

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

ДИК направи проекција на мандати во Собранието по 84 отсто преброени гласови: ВМРО-ДПМНЕ со 59 пратеници?

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

„ПРЕМИЕРЕ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ ВИ ЧЕСТИТАМ ОД СРЦЕ“: Ѓорѓиевски на Фејсбук со честитка за победата

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“

ТАРАВАРИ ИМ „ПРЕПИША“ ДВА ПАТИ НА ДЕН ЕФРИДОЛ НА ДУИ ПО ЈАДЕЊЕ: „Реков дека сум доктор“